Џенова повторно остана со празни раце. Овојпат на гостувањеето во Лече испушти предност од два гола во 15 коло на италијанската Серија А. Во првото полувреме благодарение на маестралниот Пандев составот на Тијаго Мота имаше предност од 2:0. Прво македонскиот капитен погоди со лоб удар од 40 метри (ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ), а потоа врз него беше направен пенал по кој Кришито зголеми на два разлика.

Но во второто полувреме колата на Џенова тргна низ брдо. Фалко намали, потоа Џенова остана со играч помалку поради втор жолт картон на Агудело. Табанели изедначи, а по него Пандев беше исклучен поради втор жолт картон.

Па така место со три, Џенова си замина од Лече само со бод со кој остана на 18 место под црвената линија.