Е тоа е фудбал. Супер интересно 18.последно есенско коло во ПМФЛ. Вардар и Шкендија во битката за врвот одиграа 2:2, додека под Шара во битката за опстанок вистинска драма. Работнички под Шара водеше со 3:1, имаше се во свои раце или нозе, но од 60. па до 77.минута прими три гола и на крајот загуби со 4:3 од домашната Ренова. Па така сега „романтичарите“ ќе презимат како „фенерџии“.

Паду Карваљо „ШОУ“ на Чаир. Хет-трик на Бразилецот за значајна победа на „лавовите“ во старото скопско дерби од 3:2. Овој пораз најмногу им преседна на домашните фанови Шверцери кои го славеа својот 30-ти роденден.

Борец конечно, во последниот свој натпревар како гостин, успеа да освои бод надвор од Велез. Иако беше тотален аутсајдер, велешани одиграа храбро и успеаја да дојдат до 1:1 против домашната екипа на Струга ТЛ.

 

РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 2:2

(Мицевски (п) 20., Адем 54.,/Имери 36.,65.)

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 4:3

(Гафури (п) 27., Адеми 60.,Миовски 62., Р. Селмани 77., /Марковиќ 24., Петковски 37., 48.)

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:3

(Јусуфи 49., Јурина 90.,/Паду 3., 40., 62.)

СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ 1:1

(Тафе 60.,/Коцев 46.)

ВЧЕРА:

СИЛЕКС – А.ПАНДЕВ 3:1

Standings provided by Sofascore LiveScore