Одличната форма на Лестер е потврдена со убедливата победа од 1:4 во Бирмингем над Астон Вила. Избраниците на Брендон Роџерс немаа проблеми и остварија нов триумф, со кој го продолжија чекорот со водечкиот Ливерпул, а му избегаа на Манчестер Сити на второто место на табелата.

Два пати Варди, Ихеаначо и еднаш Џонс беа стрелци за гостите.

Њукасл со пресврт успеа да го совлада тимот на Саутемптон, додека Норич беше поразен на домашен терен од Шефилд Јунајтед.

Standings provided by Sofascore LiveScore