Фудбалерите на Селтик го освоија трофејот во шкотскиот Лига Куп, откако со 1:0 го победија својот најголем ривал Ренџерс и дојдоа до нов, четврти пехар во низа.

Ренџерс ја имаше иницијативата на овој дуел, имаше и повеќе шанси, но не искористи ниту една од нив, додека Јулен во 60. минута беше стрелецот на единствениот гол.

Ренџерс имаа пенал, четири минути подоцна, како и играч повеќе до крајот на средбата, но Форстер го одбрани ударот на Морелос, а потоа не успеаја ниту сериозно да го загрозат голот на Селтик до крајот на мечот.

За Селтик ова е 18 титула во Лига купот во нивната историја.