Ракометарките на Србија со победа ја отворија втората фаза на Светското првенство кое се одржува во Јапонија.

По она бледо издание во првиот дел, Србинките го одиграа најдобриот меч на Мундијалот, славеа со 36-33 и доминираа во текот на целиот меч. Победата ја обезбедија во првото полувреме по кое имаа позитива од пет гола (21-16).

Јелена Лавко со седум гола од исто толку обиди беше прв стрелец во редовите на репрезентацијата на Србија која дојде до првите два бода во втората фаза и со победа над Германија на следниот дуел ќе обезбеди место во квалификациите за ОИ.

Русија продолжи со одличните игри, немаше проблем против Романија, ја совлада со 27-18 и остана на првото место во новофоримираната група 2.