КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ.

86’ – И Вардар прави последна замена, на местото на Цветаноски, во игра е Димоски

85’ – Фазли е на теренот, на местото на Жуниор

80’ – Одлична шанса за Радески кој со глава ја упати топката за малку крај голот.

74’ – Марјан Радески е на теренот, на местото на Омер Имери

69’ – Измена во Вардар. На местото на Серафимов, во игра е Попзлатанов

67’ – Измена во Шкендија. На местото на Хусмани, во игра е Тотре

2:2 65’ ГООООЛ! Шкендија повторно израмнува. Топка до Бесарт Ибраими кој му избега на Серафимов, ја упати топката на петерецот каде Имери го совлада Гачевски и повторно од почеток

 

2:1 53’ – ГОООООЛ! Води Вардар повторно. Противнапад на Вардар, кикс на дефанзивците на Шкендија, Цветаноски до Адем кој со левата нога стрела во долниот лев агол

 

46’ – Веднаш шанса за Шкендија, Алими удар, но топката оди сантиметри крај голот на Гачевски

46’ – Почеток на вториот дел

КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ! 1:1 е на паузата, откако двете екипи ги исполнија очекувањата дека се најдобрите во моментов. Гледаме отворен фудбал, нападите се менуваат од минута во минута, и два гола. Најпрво Вардар поведе со голот на Мицевски од пенал, а Имери израмни по добра акција

1:1 35’ – ГОООООЛ! Шкендија израмни. Супер акција и грешка во одбраната, Алими асистира до Имери кој од левата страна забива во горниот десен агол

 

33’ – Жуниор од Вардар претрча 70 метри, и се најде во добра шанса, но Захов одбрани и спаси 2:0 за Вардар

1:0 28’ – ГООООЛ! Вардар води. Мицевски го изведе пеналот прецизно во горниот лев агол. Захов тргна на вистинската страна, но не одбрани

 

27’ – По една долга акција и гужва во шеснаесетнкот на Шкендија, Цветаноски е фаулиран од Мурати, Ставрев покажува на белата точка

24’ – Изведен корнер од десната страна, а Најдовски од 6-7 метри со глава, но само над голот

8’ – Адем силен удар од 30 метри, меѓутоа топката оди само над пречката

6’ – Прв шут на натпреварот, Алими од далечина, но топката оди високо над голот

1’ – Почеток на натпреварот

0’ – Пред натпреварот му беше доделена плакета од ФФМ на судијата Марјан Кировски, кој што ја дели правдата на последниот натпревар во кариерата

0’ – Се подготовува навивачка фешта на  трибините. „Комитите“ се упатија кон западната трибина, од каде ќе даваат поддршка за Вардар. Тука се и неколку други навивачки групи, меѓу кои и „Војводите“ на Тетекс

Ќе биде жешко дерби – „Комити“ направија фешта на скопските улици (видео)

0’ – Очекувањата на двајцата тренери:

Васоски: Најважно е Вардар да победи

Ернест Ѓока: Во Скопје доаѓаме по трите бода!!!

0’ – Вардар и пред овој меч ја осигура есенската круна. Сега останува само да се види дали Шкендија ќе се врати во „игра“ за титулата, или, пак Вардар ќе избега уште +3 бода. Исто така може да остане оваа разлика, ако двата тима одиграат без победник

0’ – Познати се составите на двата тима:

60.МЕГА – ДЕРБИ: Познати составите, Вардар и без Новак, но со Ибиши, Шкендија со Бесарт, Агим…

Добродојдовте на текстуалниот пренос во живо меѓу екипите на Вардар и на Шкендија. Ова ќе биде 60-то дерби, и на „Спортмедиа“ следете ги сите интересни случувања од овој меч