Поранешниот судија а сега контролор Емил Божиновски, е делегиран да биде контрола на судењето на дуелот во ЛШ помеѓу Салцбург и Ливерпул. Тој ќе биде контрола на холандски судии кои ќе ја делат правдата на чело со Дани Макелие.

Македонија ќе има уште еден претставник во натпреварите од ЛШ во 6. коло. Васко Дојчиновски, пак, ќе биде делегат на УЕФА на дуелот Бриж – Реал Мадрид.