Газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис веќе бара наследник на Карло Анчелоти. Првиот човек бил наводно изнервиран после ремито 1:1 со Удинезе, и се решил да бара нов тренер.

Така веројатно прв пик и натаму е Џенаро Гатузо, меѓутоа италијанските медиумите пишуваат дека Де Лаурентис веќе стапил во контакт со Масимилијано Алегри и Лучијано Спалети. Меѓутоа од двајцата добил не.

Затоа и натам останува Гатузо да се произнесе, а шпекулациите се дека некогашниот тренер на Милан, ќе ја превземе екипата веќе утре.