Спортскиот директор на Милан, Фредерик Масара, призна дека Милан се уште „чека“ за одговор од Златан Ибрахимовиќ околу неговиот трансфер во Милано.

Масара не може да потврди дали шведската суперsвезда ќе се врати на „Сан Сиро“ и рече дека 38-годишниот голгетер би бил „засилување“ за кој било тим да потпише.

„Сега во моментов нема преговори. Има само период во кој Ибрахимовиќ размислува за нашата понуда, а ние чекаме негов одговор“, изјави спортскиот директор на „росонерите“.