Интер утре на домашен терен ја пречекува Барселона во последното коло во Лигата на шампионите. Италијанскиот тим нема осигурано место во нокаут фазата, па токму затоа на трибините ќе има огромна поддршка. Според последните информации продадени се 72.000 билети, кои на тимот ќе му донесат рекордна заработувачка.

Интер од продажба на влезниците ќе инкасира 6,5 милиони евра, најголема заработувачка на еден тим во историјата на италијанскиот фудбал.

На избраниците на Антонио Конте за место во нокаут фазата ќе им биде доволно и реми, како и пораз под услов Борусија да одигра нерешено, односно да изгуби од Славија Прага.