Еден од легендарните бразилски фудбалски клубови, Крузеиро за првпат во својата историја испадна од фудбалската елита во Бразил. Двократниот освојувач на трофејот во Копа Либертадорес, четирикратен шампион на Бразил и шесткратен победник на Купот на Бразил, следната година ќе игра во втората лига. Ова стана јасно откако „лисиците“ загубија од Палмеирас во Минеиро со 2:0 во последното коло на бразилската Серија А.

Ова значеше дека за првпат во 99-годишната историја на Крузеиро, клубот ќе испадне од елитата. Овој факт доведе до немири на трибините на стадионот, бидејќи лутите навивачи почнаа да кршат столчиња, да фрлаат димни бомби и петарди, на насилствата избувнаа и надвор од стадионот.

Крузеиро, кој ја забележа најцрната година во својата историја, имаше мноштво финансиски превирања, замена на четворица тренери и разрешување на сите раководни структури кои се обидоа да и се спротивстават на погрешната политика.