Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов шанса во дуелот со Татран Прешов доби во второто полувреме и покажа зошто тој е главен на линијата кога се „црвено-црните“ во прашање. Стоилов постигна три гола од четири обиди и беше еден од клучните фактори за пресвртот.

Поради тоа јасно е зошто и СЕХА неговото влегување во игра го издвои како „момент на мечот“.