Како што денеска информираа од Фудбалската федерација на Косово, нашиот противник во баражот во Лига Нации, на 12 јануари во Катар ќе одигра пријателска средба со Шведска.

Како што се вели во соопштението, за деталите утре на прес ќе биде кажано се она што е потребно за овој пријателски меч. Ова ќе биде веројатно и единствената контролна средба на Косово во пресрет на мечот во Скопје против нашата селекција на 26 март.

Инаку деновиве се засилуваат шпекулациите дека Косово ќе биде исклучено на неодредено време од страна на ФИФА и УЕФА поради мешање на политичките структури на таа земја во работата на Фудбалската Федерација.