Пеп Гвардиола вели дека Манчестер Сити „можеби нема сили да се натпреварува“ со најдобрите тимови во Европа оваа сеозна и треба да ја „прифати таа реалност“.

Неговиот тим загуби на градското дерби со Јунајтед со 2:1 и ги одведе бранителите на титулата во Премиер лигата на 14 бода од лидерот Ливерпул.

„Ова е нивото со кое се соочуваме против Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Барселона, Реал Мадрид, Јувентус. Тие се екипи со кои треба да се соочиме, а реалноста е дека можеби сега не сме во состојба да се натпреваруваме со нив. Можеби треба да живееме како клуб за да се подобриме, сега да ја прифатиме реалноста и да одиме да се подобруваме“, изјавил менаџерот на Сити.