Русија нема да настапи на СП 2022 година, откако денеска сите руски селекции се суспендирани од настапи на Олимписки игри и на светски и европски првенства поради допинг. Сепак, Русија ќе може да настапи на ЕП 2020 година.

Се огласија и од фудбалскиот Сојуз од каде уверуваат дека суспензијата нема да се однесува за фудбал.

„ФС Русија и натаму нема примено официјално писмо од ФИФА после одлуката на ВАД. Внимателно ги следиме сите случувања и ги почитуваме антидопинг правилниците и се надеваме дека ФИФА ќе изрече рестрикции на нашите тимови“, соопштуваат од куќата на рускиот фудбал.

Поранешниот потпретседател на ФИФА Вјачеслав Кокосков е убеден дека суспензијата нема да се однесува за фудбалот.