Со само 19 години Али Адем вчера одигра маестрално против Шкендија. И не само што даде гол, туку беше централна фигура на мега – дербито. Младиот Адем е уште еден вардаров бисер, голем талент од кој допрва се очекуваат големите нешта. Џиџи Илиевски во анализата за СПОРТМЕДИА му предвидува блескава кариера. Тој е играч на колото, а покрај него од Вардар тука се и Најдовски и Цветановски. Од Шкендија пак се разбира Алими, кој исто таа беше одличен на дербито, како и двојниот стрелец Имери. Силекс во саботата ја торпедираше А. Пандев, а според наше мислење голема работа завршија и стрелците Драшковиќ и Серафимовски. Ренова од 1:3 дојде до 4:3 против Работнички, еден од стрелците на тие четири гола беше и младиот Миовски. Борец освои бод во Струга, и по заслуга на голманот Ѓоргиевски. Паду Карваљо беше стрелец на хет-трик на Чаир, за него мора да има место во тимот на колото, како и секогаш стандардно добриот Нето.

ИГРАЧ НА КОЛО

АЛИ АДЕМ

Тим: Вардар

Роден: 01.06.2000

Кариера: Вардар