Играчот од средниот ред на Барселона, Артур, е болен од гонореја, или попознат како трипер.  Ова го објави утринава шпанското радио Ла Сотона. Поради оваа причина, бразилскиот репрезентативец беше отстранет од составот за натпреварот против Мајорка во саботата. Отсуството беше изненадувачко, со оглед на настапите на Артур во последно време, а официјалната верзија на клубот е мускулна повреда на играчот.

Сепак, според Ла Сотна, Каталонците намерно објавиле лажни информации со надеж дека вистината ќе остане скриена за пошироката јавност. Третманот на трипер е со силни антибиотици и трае со недели.