Нико Ковач вчера беше во Лондон на дуелот меѓу Вест Хем и Арсенал, германски Скај објави дека токму хрватскиот стратег ќе дојде на местото на Унаи Емери.

Но, денеска се појавија нови информации, најголемиот стручњак за трансфери во Италија, Џанлука Ди Марицио тврди дека на клупата на Арсенал ќе биде Карлос Анчелоти.

Дуелот со Генк во Лига шампиони ќе биде последен за Анчелоти, по истиот, без разлика на резултатот ќе поднесе оставка.

На клупата на тимот за кого настапува Елиф Елмас ќе седне Џенаро Гатузо кој од 2017 до 2019 го водеше Милан, откако не успеа да осигура пласман во Лигата на шампионите си замина.