Карлос Анчелоти со Наполи забележаа убедлив триумф против Генк од 4:0 во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампиони.

Иако италијанските медиуми пишуваа дека ќе си поднесе оставка, тоа не се случи.

“Нема никаква оставка, никогаш не сум го правел тоа, нема ниту сега. Нека одлучи претседателот, нека се изјасни дали продолжуваме или не”, рече на прес-конференцијата Анчечоти, кој на големо беше најавен како нов тренер на Арсенал.