Бешикташ ќе тргне по играчот на Вардар, Али Адем. Адем го сврте вниманието кон себе со одличните настапи во есенскиот дел, кој беше еден од најзаслужните за првото место есенва. Во летото имаше интерес и од Фенебахче, како замена за Елиф Елмас. Токму турците пишуваат дека Адем е „новиот Елмас“.

Бешикташ ќе се сврти кон млади играчи, со оглед дека има финансиски проблеми. Токму еден од нив бил Адем. Истанбулскиот тим би требало да почне преговори во јануарскиот преоден рок со Вардар.

Доколку тоа се случи, Вардар ќе остане без еден од најдобрите играчи во моментов, но тешко дека ќе оделее на интересот на играчот од средниот ред.