Селекторот на најдобриот машки ракометен национален тим, Данило Брестовац го објави списокот на кои 19 ракометари ќе смета за првиот дел од подготовките за Европското првенство во јануари следната година.

Овие репрезентативеци ќе го сочинуваат и тимот за првите четири контроли, односно двомечот со Кувајт во Белград, како и учеството на турнирот „Трофеј Карпати“ каде потенцијални ривали ни се Романија, Алжир и Холандија.

Очекувано Македонија е без најдобрите репрезентативци кои се со интернационален статус и имаат клупски обврски до крајот на годината, а тие ќе се приклучат на селекцијата на 2 јануари следната година.

Собирот е закажан за 20 декември во 13 часот, во „Александар Палас“ во Скопје.