Египетскиот клуб Замалек и неговиот газда Мортада Мансур имаат чудно сваќање на работите во фудбалот. Мансур одамна е познат како човек кој често менува тренери, но сега отиде предалеку. Веќе не знае што сака…

Милутин Средојевиќ бил сменет после три месеци, не поради лошите резултати, не порази последниот пораз од Мазембе во африканската ЛШ, туку затоа што им се допаѓал на играчите.

Тој е добар и ценет тренер и немавме намера да го смениме. Меѓутоа, работите се променија кога доби јавна поддршка од играчите. Поради тоа се чувствувавме посрамотено. Не е пријатна ситуацијата кога некој може да каже дека во Замалек играчите одлучуваат дали некој тренер ќе биде сменет или не. Во овој клуб тоа не може така“, изјави Мортада.

Им кажав на играчите дека му наштетија на Мичо поради тоа што јавно му изразија поддршкана социјалните мрежи“, додаде првиот човек на клубот од Каиро.

Прв пик на Мансур за замена на Мичо е поранешниот тренер на Ал Ахли Патрис Картерон.