Откако вчера Шкендија со соопштение се произнесе околу настаните на мега – дербито со Вардар, во кое го спомена и Гачевски за кој тетовци сметаат дека требало да биде исклучен, голманот на Вардар не чекаше многу да врати. Тој на својот ФБ профил напиша…

„Хаха, па вие сте најголем срам!!! Ние какви неправди доживеавме во Тетово па никому ништо… Не дигајте галама без потреба!!! Плачете малку ајде!!!Не пишувајте глупости – засрамете се!!!“.

Инаку нема дерби меѓу Вардар и Шкендија во и по кое голманот на есенскиот првак не е главна „фаца“. Гачевски пред ова 60.мега -дерби, кое патем заврши 2:2, малку ја „запали“ атмосферата со изјавата дека ни за милион евра нема да потпише за Шкендија.