Мартен Вандеворд го чуваше голот на Генк во дуелот со Наполи со 17 години, 9 месеци и 14 денови што го прави најмладиот голман што одиграл натпревар во Лигата на шампионите. После дебито во Купот на Белгија и Жупилер лигата, тренерот на Генк Ханес Волф му даде шанса на Вандерворд да дебитира во ЛШ но безуспешно затоа што направи голем кикс при првиот гол на Наполи, направи пенал, а вкупно прими четири гола.

Инаку претходниот рекорд по најмлад голман во ЛШ го држеше Миле Свилар кој дебитираше за Бенфика против Манчестер Јунајтед во 2017 со 18 години, 1 месец и 21 ден и тој имаше низа киксови на тој натпревар. Третото место му припаѓа на Икер Касиљас кој со 18 години, 3 месеци и 26 дена настапи за Реал во дуелот со Олимпијакос (3:3) во 1999 година.