Драматично шесто коло во групната фаза (Е, Ф, Г, Х) во Лигата на шампионите. Среќата беше на страната на Борусија Дортмунд која на домашен терен ја совлада Славија иако имаше многу проблеми. Голманот Бурки во три ситуации ги спаси „милионерите“ од елиминација. Во прилог им одеше и резултатот на „Џузепе Меаца“ помеѓу Интер и Барселона. Тој меч заврши 1:2 за Барса. Иако шпанскиот првак играше без главните ѕвезди водеше, изедначи Ромелу Лукаку, а имаа уште неколку добри шанси за да го сврти резултатот но не успеа во тоа. Во финишот на мечот Мартинез погоди, но неговиот гол беше поништен поради офсајд. А гостите со голот на супер талентираниот Фати ја однесе победата.

Барса е победник во групата Ф, Борусија е втора, а Интер се сели во Лигата на Европа.

А полуфиналистот од минатата сезона Ајакс пропушти повторно да игра во нокаут рундата. Вечерва во Амстердам изгуби од Валенсија со 1:0 и остана на третото место на табелата што ги однесе во Лигата на Европа. А шпанскиот тим заедно со Челси кој вечерва го победи Лил отидоа во осминафиналето.

Драматично беше во групата Г. Лион се врати од „мртвите“ откако по првото полувреме имаше негатива од 0:2 против Лајпциг на домашен терен. Во тие момент Зенит беше втор но Русите во второто полувреме потонаа на гостувањето во Бенфика (3:0) и паднаа на последната позиција. Лион стигна до 2:2 и бод доволен за второ место во групата, а Бенфика патува во Лига Европа. РБ Лајпциг е победник во групата.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore