Со денешните победи над Салцбург и Генк, екипите на Ливерпул и Наполи го потврдија пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите. Ливерпул на гостувањето кај Салцбург славеше со 2:0, додека Наполи беше уште поубедлив на домашен терен, совладувајќи го белгиски Генк со 4:0.

„Црвените “ го решија прашањето за  победникот на дуелот на Ред Бул Арената за само две минути. Во 57. минута по извонредна асистенција на Мане, Наби Кеита погоди за 1:0, а по една грешка на одбраната на Салцбург веќе во следниот напад Мо Салах погоди и за 2:0. До крајот на средбата Ливерпул имаше уште неколку изгледни шанси да постигне и трет гол, но резултатот остана непроменет.

Фудбалерите на Наполи со трите гола на Аркадиуш Милик за само 38 минути го решија прашањето околу својот пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Наполитанците не чекаа воопшто, па уште во 3. минута Полјакот со својот прв гол го отвори резултатот. Во 26. минута по асистенција на Ди Лоренцо, Милик и вторпат го погоди белгискиот гол, за третиот гол во 38. минута да дојде до белата точка.

Во вториот дел од пенал погоди и Мертенс за конечни 4:0.

Standings provided by Sofascore LiveScore