Денеска ќе ги дознаеме сите патници во осминафиналето од групите Ф, Г, Х. РБ Лајпциг со два пенали води на гостувањето кај Лион и е на чекор до освојување на првото место во групата што би им донел полесен ривал во нокаут фазата. Прво од белата точка погоди Форсберг, а по него и Тимо Вернер.

Резултатот на „Џузепе Меаца“ е 1:1. Барса игра со изменет состав, без Меси, Дембеле, Пике, Алба, Суарез, Бускетс но тоа не и пречеше да поведе. Голот го постигна Перез, а пред крајот на полувремето Ромелу Лукаку изедначи на 1:1.

На Интер во корист засега им оди и резултатот од мечот во Дортмунд, каде Борусија и Спарта играат 1:1. Санчо ги доведе „милионерите“ во предност, но Славија ги шокира домашните со голот со Соучек. Челси има сигурно водство против Лил 2:0 на домашен терен, а Ајакс во Амстердам губи од Валенсија со 0:1.