Македонската А кадетска репреззентација ја совлада Бугарија на меѓународниот турнир што се игра во „Автокоманда“.  Нашите ракометари имаа одличен настап, ја контролираа и играта и резултатот и на крајот победија со 31:22.

Во нашиот тим Ташев постигна седум голови, Фидановски 5, додека Тодески, Илиоски, Крстовски и Савревски реализираа по три гола. Инаку претходно Б тимот на Македонија изгуби од Србија со 24:31.

Утре Б селекцијата ќе игра со Бугарија, додека А селекцијата со Србија.