Ново одложување му се заканува на Ел Класико, со оглед на тоа дека Цунами Демократик, организацијата која се залага за самостојност на Каталонија, закажа нов протест и тоа на четири часа пред натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид, на 18 декември.

Претходно, големото дерби кое требаше да се одигра на 26 октомври, беше откажано поради стравувањата од политички немири, поради протестите на каталонските националисти.

Традиционално место на организацијата за почеток на протестите е „Камп Ноу“ и тоа на четири пунктови околу стадионот, а околу 18.000 следбеници се најавува дека ќе излезат на протестот.