Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ одново го намали буџетот предвиден за КК Работнички. Се предвидува со нацрт буџетот на Општина Центар за 2020 година кој денеска е ставен на дневен ред на седница на советот на истата Општина, Работнички следната година да добие 15 милиони денари или 250.000 илјади евра.
Најтрофејниот кошаркарски колектив  за разлика од минатата година ќе добие помалку пари. Лани градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ издвои 18.500.000 денари или 300.000 евра. Богдановиќ на почетокот на својот мандат беше рекордер, издвои 490.000 евра за Работнички.