Откако голманот на Генк Мартен Вандеворд го собори рекордот по најмлад голман што настапил на меч од Лигата на шампионите (ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ОВДЕ), вечерва беше соборен уште еден рекорд. Ансу Фати, тинејџерот од Барселона влезе во игра на „Џузепе Меаца“ и со првиот допир со топката го совлада чуварот на мрежата на Интер Хандановиќ.

Со тоа чудото од дете на Барселона со 17 години и 40 денови е најмладиот стрелец на гол во Лигата на шампините.