Сепак Пеп Гвардиола во зимскиот преоден рок ќе купува. Стратегот на Манчестер Сити, иако прво рече дека клубот од „Итихад“ нема намера да троши пари зимава, сепак се предомисли и има намера да ангажира фудбалер на Барселона. Станува збор за францускиот репрезентативец Самуел Умтити. Со него Пеп сака да ја зацврсти својата дефанзива. Ова е информација на Лекип, кој ја најавува можноста Умтими во јануари да нашрави трансфер во сеуште актуелниот шампион во Премиер лигата, кој оваа сезона тешко дека ќе ја одбрани титулата ако се знае дека по 16 кола Ливерпул има дури 14 бодови предност. 

Познато е дека Умтими во последно време често се повредува, но и кога е здрав тој не е во прв план кај тренерот Ернесто Валверде.