Како што пишуваат медиумите во Италија, по се изгледа дека на Сергеј Милинковиќ – Савиќ му преседнала победата на Лацио над Јуве, за која тој беше најзаслужен. Имено во саботата вечерта, додека траеше натпреварот во Рим, лопови влегле во домот на Сергеј и го ограбиле. Земени се разни драгоцености, потоа часовник Ролекс, накит и кеш пари. Вкупната штета изнесува околу 100.000 евра. Сигурносните камери убаво го забележиле настанот, па затоа сега полицијата  е во потера по лоповите.