Еден од најдобрите светски одбојкари во светот, Французинот Ервин Нгапет е уапсен во Бело Хоризонте, Бразил под обвинение за сексуално вознемирување.

Бразилската полиција го привела за време на забавата по завршувањето на Светското клупско првенство, откако фатил една девојка за задникот, а таа го пријавила за сексуално вознемирување.

Нгапет ја признал вината, но притоа додал дека смета дека се работи за девојка од женскиот тим на Зенит Казан, клубот во кој и тој настапува и со кој го освои третото место. Французинот е во притвор и чека да се појави пред прекршочен судија.

За него ова не е прв прекршок, пред три години беше осуден на три месеци затвор откако удри кондуктер во воз.