Според неколку германски медиуми Баерн Минхен постигнал договор со Шахтјор Доњецк за трансфер на бразилскиот интернационалец Тете на „Алијанц арената“ за неверојатни 50 милиони евра!

Се работи за играч од средниот ред кој во февруари 2019 година за 15 милиони евра направи трансфер од Гремио во Шахтјор. Бразилецот има одлична сезона, седум погодоци во 16 натпревари е импресивен рекорд за играч од средниот ред.

19-годишниот Тете има седум настапи за У20 репрезентацијата на Бразил. Инаку ако ова е точно, сите 50 милиони нема да одат на сметката на Шахтјор затоа што 18% од сумата ќе добие Гремио.