Наследникот на Карло Анчелоти на клупата на Наполи, Џенаро Гатузо е веќе во Неапол.

Легендата на Милан (41) е пред промоција во нов стратег на клубот на нашиот репрезентативец Елиф Елмас, на помалку од 24 часа откако Анчелоти избори пласман на екипата во продолжението во Лигата на шампионите и доби отказ.