Полувреме на натпреварите од Лигата на шампионите во кои нема многу голови, само шест. Најмногу ги има во Минхен, каде Баерн има предност од 2:1 над Тотенхем, во меч во кој не решава ништо. Баерн водеше преку Коман, па израмни Сесењон, за Милер, кој влезе на местото на Коман, да донесе 2:1. Инаку и двата тима имаа барем по уште 2-3 сериозни шанси да видиме и повеќе голови.

Онаму каде што се решава, Атлетико има предност над Локомотив со 1:0 со гол на Феликс, иако Трипие во 2. минута утна пенал, погоди во стативата. Пенал не реализираше и Црвена Звезда преку Томане во 43. на гостувањето кај Олимпијакос, каде е 0:0.

ПСЖ има убедливо водство од 2:0 над Галатасарај со головите на Икарди и Сарабиа. На другите мечеви и натаму е 0:0, односно на Баер Л. – Јувентус и на Бриж – Реал Мадрид.