Јувентус го победи Баер Леверкузен со 2:0 и тоа на „Бај Арена“, а еден од головите го постигна Кристијано Роналдо. Португалецот е светска фудбалска ѕвезда и често пати е мета на навивачи кои сакаат да се поздрават со него и да се фотографираат. Тој обично е расположен за фановите и им го дозволува тоа, но вечерва беше изнервиран.

Додека тој се поздравуваше со соиграчите, еден навивач му притрча од зад грб и го фати за врат, а Роналдо помисли дека е нападнат од некого се отргна и се спремаше да го удри навивачот кој беше совладан од обезбедувањето. Со оглед на тоа дека навивачот држеше телефон во раката се обидел да направи селфи, но тоа што му пријде од зад грб го исплаши Португалецот кој се спреми за карате-удар.