Сонот на навивачите на Лидс Ј. за враќање во Премиер лигата, оваа година мора да се оствари. Вака размислува нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, кој на последните два меча за момците од „Иланд Роуд“ постигна погодок и вќе го трасираше клубот до голема предност од 11 бода во однос на тимовите кои се борат за пласман на првите две места во Чемпионшип лигата кои доректно водат во елитата.

Лидс Ј.и ВБА имаат идентичен скор со 46 освоени бода на скоро средина на сезоната и дури 11 бода предност пред Фулам и Бристол Сити кои се н аоѓаат на 3. и 4. место на табелата. По последната победа и во пресрет на саботниот дуел со Кардиф, нашиот репрезентативец во изјава за англиските весници вели:

„Тешко е да се победи на седум натпревари во низа, но тоа е она за што работевме со тренерот. Сега ќе се обидеме да сториме се што можеме за да победиме и со Кардиф. Сакаме да продолжиме да победуваме дома особено, работиме напорно и немаме многу време. Добро е што навивачите веруваат во нас, затоа што со тоа и ние веруваме во она за што играме. Сезоната е сè уште долга, се уште сме во декември, студено е и најважно е да останеме здрави“, порачал Џани.