Вечерва во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во рамките на о.у. „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода, започнува 27. издание на традиционалниот „Турнир во мал фудбал на медиумите 2019“ во организација на Спортското радио 90.3 ФМ.

Оваа година осум медиуми поделени во две групи ќе одиграат најмалку по три натпревари, а најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во полуфиналето. Сепак она што секогаш го одбележува овој турнир е тоа што резултатот не е во преден план, туку дружењето на вработените во медиумите на спортскиот терен. Како организатор, Спортското радио 90,3 ФМ се погрижи на гледачите да им овозможи да погледнат и многу интересни ревијални натпревари со кој само се збогатува понудата и оваа година.

Денешниот прв ден ни носи неколку интересни средби, па затоа ве покануваме да дојдете да ги проследите натпреварите. Влезот во салата е слободен.

19.00  Ревијална Општина Гази Баба – Ѓорче Петров

19.40  СПОРТСКО РАДИО 90,3 –  АЛФА

20.20  МРТВ – АЛСАТ М

21.00  Ревијална – АСТРА КАЗИНО- ЕВН      1

21.40  МТВ 2 – ТВ 24

22.20  СИТЕЛ – КАНАЛ 5