Ако Парма не најде пари за да го откупи неговиот договор во јуни, веќе е сигурно дека нов клуб на Дејан Кулушевски ќе биде Интер. Најновите вести од Италија тврдат дека Интер, наводно, се согласил да и плати на Аталанта 35 милиони евра за шведскиот интернационалец со македонски корени.

Кулушевски како еден од најдобрите офанзивни играчи за врска оваа сезона во Серија А е вистински профил на играч кој му треба да Антонио Конте. Трансферот би можел да се реализира во јануари, како што впрочем и бара Конте, но тоа би можело да биде комплицирано само поради тоа што тој е на позајмица во Парма.

„Кориере дела Сера“ пренесува дека „нероаѕурите“ дошле на договор со Аталанта, 19-годишниот фудбалер не би имал против веќе од првите денови на новата 2020 година да се пресели во Милано.