Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски заедно со неговиот стручен штаб во Охрид го одржува тренинг кампот за фудбалери до 20 години од домашниот шампионат.

Од првично повиканите фудбалери, селекторот Милевски поради повреда ги ослободи фудбалерите на Вардар, Али Адем и Бојан Колевски, а дополнително, исто така поради повреда не може да смета ниту на Џемал Ибиши од Вардар. На фудбалерите кои до сабота, 14. декември ќе се подготвуваат и ќе одиграат тренинг натпревар против Работнички на „Билјанини Извори“  денеска им се придружи фудбалерот на Тиквеш, Марио Илиевски.

Тренинг натпреварот меѓу селекцијата до 20 години и Работнички се игра в сабота од 13:00 часот.