Откако не успеаја да ги минат квалификациите за настап во ЦЕВ Лигата на шампионите, македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев и неговата Будва, победнички го започнаа настапот во ЦЕВ купот.

На гостувањето во Какањ во првото коло од осминафиналето во ова европско клупско натпреварување, Милев ја предводеше Будва до победа, 3:1 (25:16, 21:25, 25:22, 25:12).

Нашиот репрезентативец, кој ја носи и капитенската лента беше стартер во сите сетови и реализираше 16 поени (15 напад и еден блок), како и 41 посто ефикасност на приемот.

Со оваа победа Милев и Будва се пред промоција во четвртфиналето во ЦЕВ купот со оглед на тоа дека реваншот го играат следната недела пред својата публика.