И покрај тоа што имаше очаен настап во Европа ова лето, сепак Шкендија на најновото рангирање на УЕФА сеуште е убедливо најдобро рангираниот македонски клуб. Тетовци на последната објава на УЕФА, се наоѓаат на 158. место. Втор е Вардар кој во моментов се наоаѓа на 239.место, додека Раотнички е на 334. место. Следува Шкупи кој е 380-ти, додека на делба на 411. место се А. Пандев, Македонија ЃП, Пелистер, Силекс и Ренова.

Што се однесува пак до вкупниот ранкинг, нашата земја се наоѓа на 39.место во Европа од 55 земји. Пред на се Албанија, Летонија, Ерменија, Луксембург.

А тоа значи дека, впрочем како што и се најавуваше уште пред 3-4 месеци, за Македонија ќе нема место во квалификациите во Лигата на Европа од сезоната 2021/2022, односно сите наши претставници ќе играат во Лигата на Европа 2, додека шампионот ќе се натпреварува во квалификациите во ЛШ.