Џејмс Харден одигра уште еден неверојатен натпревар, Хјустон го водеше до триумф на гостувањето кај Кливленд (116-110).

Харден постигна 55 поени со 20/24 од игра, изненадувачки имаше само пет слободни флрања, на својот скор додаде осум асистенции.

Рокетсти се мачеа против Кливленд, кој има скор од 5-19. Домашниот тим имаше водство од девет поени разлика во последниот период, но во самата завршница немаа решение за Харден. Во овој дел постигна 20 поени, ова беше четвртти натпревар оваа сезона на кој постигнал барем 50 поени. Па токму затоа не е за изненадување што е прв стрелец со 38,5 поени по натпревар. Расел Вестбрук мечот го заврши со 23 поени.

Хјустон по оваа средба е на четвртото место на табелата во Западната конференција со скор од 16-8.

Кавај Ленард се врати во Торонто. Некогашната ѕвезда на шампионот вчера го доби прстенот и беше поздрав со овации: МВП, МВП, ечеше во Арената.

Ленард беше најдобар во триумфот на Клиперс (112-92) постигна 23 поени, пет скока и шест асистенции.

Тимот од ЛА е втор во Западната конференција со 19-7, додека пак Торонто е на петата позиција на Истокот со 16-8.

Резултати: Кливленд – Хјустон 110-116, Индијана – Бостон 122-117, Орландо – ЛА Лејкерс 87-96, Торонто – ЛА Клиперс 92-112, Бруклин – Шарлот 108-113, Чикаго – Атланта 136-102, Минесота – Јута 116-127, Милвоки – Њу Орлеанс 127-112, Сакраменто – Оклахома 94-93, Голден Стејт – Њујорк 122-124 (прод.).