Претставници на УЕФА биле во инспекција на стадионот на Партизан во пресрет на мечот од последното коло во Лига Европа помеѓу Партизан и Астана. Додека го разгледувале стадионот им текнало да се измери голот пред јужната трибина и било востановено дека левата статива била за сантиметар подолга од онаа на спротивната страна.

„Тоа се прописи кои важат за секој клуб и тоа е само една од милион „ставки“ кои УЕФА ги бара за да може некој стадион да биде домаќин на меѓународен натпревар“, велат од Партизан.

Па луѓето задолжени за одржување на теренот го местеа голот за да може мечот да биде одигран. За овој пропуст веројатно српскиот клуб ќе „куртули“ од казна.