Момент на вистината во Лига Европа. Не само што Копенхаген и Малме ќе се борат за водечката позиција во групата Б туку и за пласман понатаму, со оглед на тоа дека Динамо Киев има два бода помалку од Малме, односно три од Копенхаген, па така и понатаму се е отворено. Лугано е последен на табелата без шанси за пласман понатаму.

Копенхаген досега забележа две победи и три ремија со гол-разлика 5:3, меѓутоа, во домашното првенство не му цветаат рози. Митјиланд има седум бодови повеќе од Копенхаген кој пред почетокот на сезоната се соочи со проблеми бидејќи му заминаа неколку клучни играчи. Но дури сега данскиот великан фаќа ритам и врза три победи, а беше поразен само еднаш на 10-те претходни натпревари.

Малме е втор во групата со 2-2-1 и гол разлика 7:6. Слободното време по завршувањето на шведското првенство (го заврши на второто место со бод помалку од Јоргарден) го искористи да одигра пријателски натпревари со Оденсе (1:2) и Линколн од Гибралтар (5:0). Наши предлози за овој меч се КМБ 1X&0-3 или КТ 1.

ЛИГА ЕВРОПА – Фаза по групи (последно коло)

ДИНАМО КИЕВ

ЛУГАНО

Победата го носи Динамо во шеснаесет финалето, а со оглед на тоа дека Лугано е единствените два бода ги освои на својот стадион ова би морало да биде чиста единица. Избегнете ги головите.

ХЕТАФЕ

КРАСНОДАР

Ривалите бодовно се изедначени, но Шпанците славеа во Краснодар, па им одговара и нерешен резултат. Русите се принудени да ризикуваат, што може скапо да ги чини затоа што Хетафе има одлична контра. Типовите се КМБ 1Х&0-3 и KТXVPPX.

КЛУЖ

СЕЛТИК

Клуж,  кој не смее да изгуби летоска го елиминира Селтик во квалификациите за ЛШ, но Шкотите ја осоија групата и би се штеделе за празничното лудило (пет првенствени натпревари до крајот на годината) отколку да се одмаздуваат. Доволно за 1Х&0-2.

ПАРТИЗАН

АСТАНА

Поголеми шанси за победа има Партизан и тоа по неколку основи. На почетокот на октомври славеше во Казахстан со 2:1. Општо впечаток е дека црно-белите по петте одиграни кола оставија подобар впечаток од шампионот на Казахстан. Со оглед на тоа дека двата тима се елиминирани можат да одиграат послободно, а тоа да донесе 3+ или ГГ.

РЕН

ЛАЦИО

Лацио мора да го совлада Рен, но и Селтик да го почасти со победа во Клуж. За другото сценарио веќе се изјаснивме, а искрено, се сомневаме и во првото: ако ЛЕ им беше важна, римјаните до сега ќе го потврдеа тоа. Затоа размислете ГГ и 1Х.

АЈНТРАХТ

ГИМАРАИС

Гимараис е солиден за португалски, но не и за европски рамки и тоа би требало да му ја олесни задачата на Ајнтрахт во обидот да дојде до сите три бода – нерешен резултат во некое лудо сценарио може скапо да ги чини. На единицата додадете 2-4 гола.

СТАНДАРД

АРСЕНАЛ

Арсенал оваа сезона направи многу глупости кои доведоа до отказ на менаџерот Унаи Емери, а одбраната им е кршлива и тоа го докажуваат многуте голови што ги прими во Европа и во Премиер лигата. Стандард игра отворено па 3+ и ГГ3+ се најдобри опции.

ПОРТО

ФЕЕНОРД

Сите четири клуба од групата Г можат да бидат и полковници, но и покојници (останатите се Ренџерс и Јанг Бојс). Феенорд стои најлошо (објективно е и најслаб), а бидејќи на „Драгао“ не се прославиле ни посериозни клубови наш избор е единица.

ЛУДОГОРЕЦ

ФЕРЕНЦВАРОШ

На Бугарите им е доволен и бод, а на Унгарците им требаат три. Но, за разлика од дуелот во Клуж овде факторот „наплатување на штетата“ поради иста хаварија „држи вода“, а оштетената страна е Лудогорец, кој првата рата ја наплати во Будимпешта. Ова е единица.

РОМА

ВОЛФСБЕРГЕР

Волфсбергер тргна силно (сетете се на оние 4:0 во Менхенгладбах), но бргу падна и во Вечниот град доаѓа како турист. На Рома и Х би и завршил работа, меѓутоа, не веруваме дека ќе игра на тоа туку ќе оди на победа. Ова е ефикасна единица.

М’ГЛАДБАХ

БАШАКШЕХИР

Споменатиот дебакл на Менш против Волфзбергер на „Борусија-Парк“ беше чиста случајност. Башакшехир не е лош и исто така е мотивиран, но Германците тоа добро го знаат и двојката е исклучена. Ви сугерираме 1Х&ГГ.

СЛОВАН БРАТИСЛАВА

БРАГА

Брага и на пролет ќе ја гледаме во ЛЕ, но секако не и е сеедно дали во наредниот круг ќе оди од првото или второто место. За да остане на чело потребен и е триумф и очекуваме да го оствари, но со ГГ затоа што Слован сака да се надигрува.

ВУЛВЕРХЕМПТОН

БЕШИКТАШ

„Волците“ посакуваат кикс на Брага во Братислава кој, под услов да го победат Бешикташ, би им го донел првото место во групата и полесен ривал во нокаут фазата. Турците ја кренаа формата, но не можат да се носат со домаќинот. КМБ 1&2-3.