Тројца шпански фудбалери Карлос Квадрадо (24), Виктор Родригез (22) и Раул Калво (19) се прогласени за виновни во случајот со силување на 15-годишна девојка во градот Аранда де Дуеро во северна Шпанија.

Еден од нив комуницирал со девојчето преку Инстагрм па закажале средба. Потоа заминале во неговиот апартман на дружба, а таму биле и другите колеги кои извршиле полов напад, пишува шпанскиот „Ел Паис“.
Триото кое настапува за третолигашот Арандина беше уапсено во декември 2017 година. Клубот ги суспендира се додека не биде решен случајот. Тие во судот се изјаснија дека немале сексуален чин со девојчето и дека не знаеле дека има 15 години во тоа време.

Сепак обвинителството го истера случајот до крај и судот ги прогласи за виновни, па тие добија по 38 години затворска казна (секој). Обвинителството бара и паричен надомест за жртвата во висина од 50,000 евра.