Симболични поени, само за учество заработија нашите тимови кои ја претставуваа нашата земја во Европа.

Така Шкендија го подобри коефицинетот за 1.500, додека другите, Македонија ЃП, Шкупи и Академија Пандев добија по 1.000 поени.

На севкупната листа од нашите екипи и натаму прва е Шкендија со вкупен коефициент од 7.250 поени и се најде на 150 позиција, додека Вардар иако не играше во Европа, има 5.000 на 224 позиција. Потоа Работнички со 3.250 поени и на 306. позиција, па следува Шкупи со 2.000, Академија Пандев има 1.000, исто како и Македонија ЃП.