Ралф Рангник е човекот чии фудбалери најчесто завршуваат во тимот на Јирген Клоп. По последната најава за трансфер на јапонскиот репрезентативец Такуми Минамото од Салцбург во Ливерпул, самиот Рангник за медиумите потенцираше зошто германскиот стратег на кормилото на Ливерпул ги „сака“ фудбалерите кои произлегле од клубовите каде тој е „прва виолина“.

„Клоп не мора да ми се заблагодарува, но дефинитивно не е случајно што тој има четири мои поранешни играчи [Роберто Фирмино, Наби Кеита, Садио Мане и Жоел Матип], бидејќи тоа покажува дека тој е, всушност, во потрага по ист вид играчи, со исти средства, со ист менталитет како и ние. Мислам дека од врвните клубови во Европа, тој веројатно е тренер со најголем број на поранешни играчи кои ги зел од клубови во кои сум работел јас на селекција на млад потенцијал“, вели Рангник.

Рангник сега првенствено е задолжен да ги надгледува екипите на Ред Бул Њујорк и Сао Паоло, но никако не е исклучен и од случувајата во Лајпциг, па дури и во Салцбург.

61-годишниот стратег вели дека имаат неверојатни сличности со Клоп во однос на фудбалската филозофија: „Мојот стил е многу сличен на оној на Клоп“.

„Сакаме висок притисок, и контра-притисок. Откако ќе ја освоиме топката, не сакаме да трошиме време со квадратни додавања или со повратни додавања. И двајцата се обидуваме да играме напред што е можно побрзо, обидувајќи се да создадеме шанси, обидувајќи се да постигнеме што е можно повеќе голови“, вели Рангник.